Дома Фудбал Останато Една од најголемите грешки: Џеко им бил понуден за 50.000 евра и го одбиле!

Една од најголемите грешки: Џеко им бил понуден за 50.000 евра и го одбиле!

dzeko

Един Џеко оваа сезона продолжи со фантастичните настапи за Рома.

Напаѓачот на римскиот клуб постигна 11 погодоци и запиша три асистенции на 23 натпревари за италијанскиот клуб. Тој до сега во кариерата одигра 553 натпревари и постигна 246 погодоци.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Џеко во својата кариера настапуваше за Железничар, Теплице, Волсбург, Манчестер Сити и сега Рома, а интересно во 2005 година бил блиску до трансфер во белгискиот клуб. Мускрон. Поточно Џеко бил понуден на овој клуб, но Белгиците не сакале да платат 50.000 евра, па Џеко премина во Теплице.

„Џеко беше понуден на Мускрон кога имаше само 16 години, меѓутоа луѓето од клубот не сакаа да платат 50.000 евра. Сигурен сум дека неговата кариера поинаку ќе се развиваше доколку преминеше во Белгија“, откри Гордан Видовиќ, кој е поранешен фудбалер на Железничар и кој настапуваше во Мускрон од 19995 до 2003 година.

Теплице тогаш за Џеко плати 80.000 евра за тогаш 16 годишниот напаѓач, за во 2007 година да го продаде на Волфсбург за сума од четири милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Јувентус жестоко го навредија Влаховиќ, па тој одговори на Инстаграм

Навивачите на Јувентус не се задоволни од настапите на нивниот напаѓач и српски репрезента…