Дома Македонски спорт Мак ракомет Една година од европската круна: Вардар чекори по нов пат, успех со ваков тим ќе ни биде повеќе драг!

Една година од европската круна: Вардар чекори по нов пат, успех со ваков тим ќе ни биде повеќе драг!

Денес изминува точно една година од освојувањето на втората европска титула на Вардар, а токму денес официјално во клубот пристигна уште еден македонски репрезентативец, Гоце Георгиевски.

И по претходните постпаки очигледно е дека Вардар со Алушовски и новото раководство се насочува кон нова политика – собирање на најдоброто од Македонија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред Герогиевски потпиша Филип Талески, дојде и младиот Томислав Јагуриновски од Металург. Претходно во текот на сезоната како што е познато пристигнаа Марко Мишевски и Борко Ристовски.

Алушовски вакво сценарио најави пред околу еден месец во, а сега тоа го гледаме на дело. Ќе има промени и во раководството, замина Едуард Кокшаров, а кој ќе биде негова замена ќе биде познато подоцна. Сега се мисли само на играчите и комплетирањето на тимот.

Во претходните години Вардар беше силен и ја освои Европа, но кај нас постоеа коментари кои го опишуваа Вардар како „легија на странци“ алудирајќи на тоа дека нема многу Македонци во тимот. И нема тука ништо страшно сведоци сме како многу големи клубви не се потпираат премногу на домашните. Но, сигурно дека успех на ваков Вардар ќе биде повеќе драг за македонската јавност.

Ќе видиме како ќе се одвиваат работите и кој уште ќе пристигне во Вардар, меѓутоа сигурно е дека ќе имаме мешан состав и комбинација на домашни со неколку силни странски имиња.

И ќе потенцираме, далеку од тоа дека го намалуваме успехот на претходната генерација, но титула или фајнл-фор со ваков Вардар ќе ни биде сигурно повеќе драг!

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Карлос Тевез завршил во болница!

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез (40) изминатата вечер се соочил со ед…