Екипата на Рома во вчерашното дерби успеа да го совлада Наполи со резултат 2:4, на оваа средба два погодоци постигна Един Џеко.
Џеко прво стрелаше за предност на Рома од 1:2, а за потоа во вториот дел постигне погодок за зголемување на предноста на 1:3.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Одличниот босански напаѓач со овие два погодоци направи нешто што претходно не му успеало на ниту еден фудбалер. Имено, Џеко постигна 50 или повеќе погодоци во три различни првенства кои се помеѓу најдобрите пет во Европа.
Сегашниот напаѓач на Рома во Бундес лигата носејќи го дресот на Волфсбург постигна 65 погодоци, додека во Манчестер Сити во Премиер лигата успеа да постигне 50 погодоци на 130 настапи.