Кабиб Нурмагомедов во професионалната кариера оствари учинок од 29:0 и како апсолутен шампион ја заврши истата.
Против Гатје Кабиб во саботата ја оствари последната победа во кариерата и остана УФЦ шампион во лесна категорија. Иако на официјалните борби во ММА Кабиб не е поразен објавено е едно видео од борба во неговите почетоци. Тогаш го доживеал можеби и единствениот пораз.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Борбата е во 2005 година Могмед Ибрагимов во вештината самба го победи Дагестанецот. Тогаш Кабиб имаше само 17 години, а беше тоа финале во руското првенство во категоријата до 68 килограми.
После тој пораз Кабиб заплака слично како и по борбата против Гатје, а неговиот ривал дојде до него да го утеши.