Дома Фудбал Еден повик открива многу: Лука Јовиќ ја напушта Шпанија?

Еден повик открива многу: Лука Јовиќ ја напушта Шпанија?

Лука Јовиќ се врати во Мадрид и наскоро ќе започне со тренинзи, но големо прашање е дали ќе остане во редовите на Кралевите.

Се шпекулира дека може да се пресели во Англија, а во прилог на тоа одат и новите информации.

Имено, Bleacher report пренесува дека Јовиќ го контактирал соиграчот од репрезентацијата Александар Митровиќ и го прашувал за животот во Англија.

Јовиќ наводно е мета на Арсенал, Њукасл и Вест Хем, па нема да биде изненадување ако замине на Островот.

Реал е подготвен да го испрати на позајмица, но конкретни информации за сега нема.

Голем дел од медиумите пишуваат дека ќе се пресели во Италија, поточно во Милан, кој е спремен да понуди 40 милиони евра.

Јовиќ во Реал стигна за 60 милиони евра, но постигна само два погодока и многу често е мета на критичарите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем следи бразилски голман, но во трката има уште четири клуба

Дваесетгодишниот Отавио од Крузеиро го привлече вниманието на Тотенхем. Конкуренцијата е с…