Дома Фудбал Англија Еден од хероите на Лестер од шампионската сезона стави крај на кариерата на 33 години

Еден од хероите на Лестер од шампионската сезона стави крај на кариерата на 33 години

Дени Дринквтоер беше еден од главните фудбалери во чудесната сезона на Лестер кога „лисиците“ во сезоната 2015/2016 ја освоија шампионската титула во Премиер лигата.

Дринквотер одлучи да стави крај на кариерата на 33 години. Во тандем со Нголо Канте беше фантастичен таа сезона во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со одличните настапи за Лестер стана и репрезентативец на Англија, а како и Канте направи трансфер во Челзи. Сепак, за разлика од ситуацијата на Французинот тој не се снајде во Лондон, па следуваше голем пад во кариерата и тој трансфер може да се означи како почеток на крајот за неговата кариера.

Дени на девет години првите чекори ги направи во Манчестер Јунајтед, но никогаш не заигра за првиот тим. По позајмиците во Хадерсфилд, Втофорд и Барсли премина во Лестер во 2012 година.

Во втората сезона се избори со промоција во Премиер лигата, а во споменатата 2016 година со поддршка на Варди, Марез, Канте, Шмајхел и останатите испишаа историја освојувајќи ја титулата под водство на Клаудио Раниери.

Челзи за неговите услуги во 2017 година плати 35 милиони фунти, но никогаш не заигра ниту блиску до формата со која го носеше дресот на Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…