Дома Фудбал Репрезентации Еден од хероите на Данска призна: Далтонист сум, против Мексико ми беше многу комплицирано

Еден од хероите на Данска призна: Далтонист сум, против Мексико ми беше многу комплицирано

Томас Дилејни, играчот за врска на Данска игра одлично на Европското првенство, постигна гол во четвртфиналет, а пожртвувавноста е еден од неговите заштитни знаци и ја покажа со тоа што на ЕП претрча 43.5 километри.

Делејни, освен споменатите квалитети има и уште една – искрен е и отворен. Така при примањето на наградата за играч на мачот во четвртфиналето против Чешка дека важниот гол го постигнал после своја грешка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ларсен центрираше, а јас постигнав гол со глава. Меѓутоа тоа го направив така што бев на предвиденото место за друг соиграч кога ги вежбавме прекините“.

Исто така тој призна дека е далтонист и дека не препознава разлика помеѓу црвена и зелена. Интересно е што црвената е боја на неговата репрезентација, а зеленета на неговиот клуб Вердер.

„Тешко е да се опише. Како да гледате различни нијанси на иста боја. Ми помага кога мојата и противничката екипа имаат различни шорцеви, но против Мексико и тие и ние имавме бели, тоа многу ми ја отежнуваше задачата. Настојував да ги гледам лицата на играчите, меѓутоа морав тоа брзо да го правам за да не ја изгубам топката“, објасни Делејни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Звучи неверојатно, но ова на Перез никогаш не му успеало во Реал Мадрид

Славниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез со овој клуб oствари бројни успеси н…