Еден од хероите на пласманот на Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шампионите беше Јан Матсен.
Овој лев бек на вчерашниот натпревар против Атлетико Мадрид докажа дека е еден од најдобрите фудбалери на овој тим оваа сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, Челзи од каде што е на позајмица во германскиот клуб не се одлучил да го врати во своите редови.
“Секогаш мислев и верував дека ќе играм за Челзи. Од некои причини не успеав. Сепак, сега сум тука, ова е одлична можност за мене. Мислам дека одиграв многу добро и докажав дека можам да играм на највисоко ниво”, изјави Матсен.
Медиумите тврдат дека со оваа изјава тој веќе го „отпиша“ Челзи и самиот сега не би сакал да се врати во Лондон. Холанѓанецот кој има 22 години покрај Челзи настапуваше уште за Чарлтон, Ковентри и Барнли.
Инаку, неговиот договор со Челзи е до 2026 година, но има откупна клаузула од 40 милиони евра која може да ја плати Борусија Дортмунд…