Дома Трансфер зона Еден од овие двајца голмани сигурно се сели во Реал Мадрид

Еден од овие двајца голмани сигурно се сели во Реал Мадрид

Веќе подолго време раководството на Реал Мадрид се обидува да донесе врвен голман, кој ќе биде долгорочно решение за голманската позиција.

Најголема желба е секако голаманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа кој во 2015 година беше на чекор до Реал Мадрид, но трансферот пропадна поради технички причини.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез се уште не се откажал од шапнскиот репрезентативец и следното лето ќе има нов обид да го донесе во Мадрид.

Како што пренесуваат шпанските медиуми овој пат „кралевите“ имаат алтернатива, а тоа е голманот на Челзи, Тибо Куртоа.

„Нема сомнеж дека на радарот на Реал се Де Геа и Тибо Куртоа за следната сезона. Мислам дека ’кралевите’ полседно можат да стигнат до Куртоа. Од друга страна не е тајна дека Де Геа сака да се врати во Шпанија. Мислам дека сигурно еден од овие двајца голмани следната сезона ќе се пресели во Реал“, изјави еминентниот шпански новинар, Гилјем Балаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…