Репрезентацијата на Мароко е вистински хит на Светското првенство, Мароканците станаа првата африканска селекција која ќе играат полуфинале на еден Мундијал.
Еден од оние кои најмногу се истакнува во играта на Мароко е Азедин Унахи. Според информациите на шпанските медиуми Барселона покажала голем интерес за 22-годишниот фудбалер. Луис Енрике на прес-конференција пред натпреварот го издвои токму него како одличен фудбалер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ пренесува дека во Барселона иако се свесни дека финансиската ситуација не им е најдобра, сепак разгледуваат начин како да го доведат во своите редови.
Евентуален трансфер во Барселона би бил потегот на кариерата за Унахи кој во овој момент го носи дресот на Анже каде што пристигна во 2021 година.
Анже е тим од долниот дел на табелата во Франција и се верува дека европските гиганти со адекватна понуда лесно може да дојдат до неговиот потпис.