Еден од најавторитетните фудбалски судии, Холанѓанецот Бјорн Кујперс стави крај на професионалната кариера.
48-годишниот Кујперс ќе се прости од судењето на 7 август, кој ќе го води последниот меч во кариерата – дербито помеѓу Ајакс и ПСВ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Беше убаво. Понекогаш велат дека треба да запреш кога си на врвот. Мислам дека нема подобар момент од овој“, изјави Кујперс.
Холанѓанецот го судеше финалето на ЕУРО, а претходно судеше две финалиња во Лигата на шампионите во 2014 и 2018 година и во Европската лига во 2013 година.
Breaking 🚨: Björn Kuipers to retire on 7 August, Ajax vs PSV will be his last game. “It's been nice. They sometimes say that you should stop at your peak. And in that regard, there is no better moment than this," pic.twitter.com/komB0MAbqS
— Chris Williams (@Chris78Williams) July 29, 2021