ПСЖ направи неверојатен пресврт и победи против Барселона во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите со вкупни 6:4 (4:1 во реваншот).
Парижаните не се предаваа ниту кога губеа со 1:0, резултат со кој во вкупниот резултат заостануваа за два гола. Клучен момент веројатно беше црвениот картон на Роналд Араухо, кога Чави принудно од игра го повлече одличниот Ламин Јамал и на негово место влезе Иниго Мартинез.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До 34. минута Јамал беше еден од најдобрите играчи на теренот и асистираше при водечкиот гол на Рафиња.
Шпанскиот интернационалец, кој покажа неверојатен талент оваа сезона по натпреварот не можеше да се воздржи, а неговите солзи сигурно го погодуваат секој навивач на каталонците.
@tntsports Lamine Yamal was devastated at full-time after Barcelona crashed out of the Champions League 💔 #barcelona #championsleague #ucl #yamal #football #soccer ♬ original sound – TNT Sports