Дома Македонски спорт Еден од најголемите македонски пливачи во историјата доби големо признание на светско ниво

Еден од најголемите македонски пливачи во историјата доби големо признание на светско ниво

Легендата на македонското пливање, Евгениј Поп Ацев доби големо признание на светско ниво.

Имено, тој е избран за член на „Куќата на славните на маратонското пливање“. Убавата вест македонскиот пливач ја објави на социјалните мрежи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Најголема чест и привилегија е да се биде во ,,Куќата на славните за маратонското пливање”(IMSHOF) во друштво на најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го тоа што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија имам придонесено и оставено белег во светот на маратонско пливање.

Многу сум благодарен на IMSHOF за номинацијата , изборот и за ова големо признание од ваква голема светска организација. Исто така и на сите што беа дел од мојата пливачка кариера и подржуваа во изминативе 20 години“, напиша Поп Ацев.

Поп Ацев официјално член ќе стане на новиот собир на организацијата закажан на 24. мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

На натпреварот помеѓу Интер и Торино во Серија А се испиша историја

На денешниот натпревар помеѓу Интер и Торино кој започна со почеток во 12:30 часот беше ис…