Дома Трансфер зона Еден од најважните играчи на Барса се сели во Премиер лигата

Еден од најважните играчи на Барса се сели во Премиер лигата

Ако им веруваме на шпанските медиуми Самуел Умтити е спремен да ја напушти Барселона.

Иако на почетокот на сезоната потпиша нов договор кој со Барселона го обврзува до 2023 година медиумите во Шпанија пишуваат дека Умтити е спремен да ја напушти Каталонија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наводно, одличниот дефанзивец добил понуда од Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се спремни да го доведат во своите редови и на Барселона без проблем би и платиле 60 милиони фунти.

Умтити наводно нема ништо против промена на средината, а Барселона сумата од овој трансфер би ја искористила за доведување на Матијас Де Лихт за кого каталонското радио неодамна објави дека е пред трансфер во Барселона.

Младата ѕвезда на холандскиот гигант го воодушеви фудбалскиот свет и голем број европски клубови покажаа интерес за неговиот потис. Помеѓу нив беше и Барселона која наводно ја добила трката.

Умтити така после три години би можел да го напушти „Камп Ноу“. Тој во Барселона пристигна од Лион за сума од 30 милион иевра во 2016 година, но во последната година имаше големи проблеми со повредите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …