Еден од најбараните напаѓачи на трансфер пазарот на лето секако ќе биде ѕвездата на Лил, Џонатан Дејвид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дејвид веќе неколку сезони игра на врвно ниво и сака да ја промени средината, а за неговиот потпис интерес покажуваат неколку евроопски гиганти.
Тој и официјално одбил нов договор со Лил и му соопштил на клубот дека сака трансфер на крајот на сезоната.
Напаѓачот влегува во последната година од договорот, па Лил ќе мора да го продаде, а за неговата слобода бара 40 милиони евра.
Милан, Челзи и Атлетико Мадрид покажуваат најсилен интерес и веќе ја започнале битката за неговиот потпис.