Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Еден месец до почеток на Мундијалот, а еден стадион се уште не е завршен!

Еден месец до почеток на Мундијалот, а еден стадион се уште не е завршен!

Стадионот во Нижњи Новогород каде што селекциите на Аргентина и Хрватска треба да одиграат својот натпревар на 21 јуни на Светското првенство се уште не завршен!

Нижњи Новогород е стадион кој ќе биде домаќин на вкупно шест натпревари во четири групи и по еден натпревар од осминафиналето и четвртфиналето. Стадионот има капацитет од 45.000 места и требаше да биде завршен во декември минатата година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Подоцна датумот беше продолжен до 14 април, но не беше завршен ниту тогаш. Општината на градот како што наведуваат руските медиуми е во потрага по работници по другите делови во Русија, на кои им нудат три бесплатни оброци и смештај. Засега се уште не е познато во што е проблемот во изградбата која започна пред три години.

Освен натпреварот помеѓу Хрватска и Аргентина во градот кој се наоѓа источно од Москва во групната фаза ќе играат: Шведска – Јужна Кореја, Англија – Панама и Швајцарија – Костарика.

До почетокот на Мундијалот остануваат точно 31 ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…