Победата на Манчестер Сити во градаското дерби на „Олд Трафорд“ очигледно му се допадна и на фудбалерот нна Јунајтед, кој веројатно направи кардинална грешка, користејќи ги социјалните медиуми.
Младиот, Анхел Гомес притисна „лајк“ на фотографијата на Инстаграм која ја објави фудбалерот на Сити, Брахим Диаз. На неа играчите на „Граѓаните“ прегранти ја слават победата над Јунајтед со опис „Манчестер е син“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лајкот на Гомес го приметија и некои навивачи на Манчестер Јунајтед кои веднаш почнаа да реагираат. Секако, веќе се бара и негово заминување од клубот.
За Гомес секако веќе некое време се шпекулира дека е на излезни врати од „Олд Трафорд“, а можеби овој лајк ќе му помогне во тоа.