Реал Мадрид нема да ја памети по многу добро 2019 година, причината е затоа што во изминатите 12 месеци не освои ниту една важна титулата, сепак во последните месеци работите изгледаат подобро.
Зидан кон крајот на годините успеа да ги подобри резултатите, со тоа се дојде и до подобра атмосфера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа еден играч нема причина за многу радост. Статистиката вели дека само еден играч на „кралевите“ е целосно отпишан од Зидан. Станува збор за напаѓачот Маријано Дијаз.
Дијаз од стартот од сезоната не запиша ниту еден настап и веќе изминаа 240 дена од неговиот последен натпревар во Реал Мадрид. До неодамна друштво му правеше Брахим Дијаз меѓутоа тој сепак успеа да собере четири настапи.
Асенсио не се вбројува затоа што од летото е повреден.