Дома Фудбал Италија Еден ден после големата победа на Интер се огласи и Икарди

Еден ден после големата победа на Интер се огласи и Икарди

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди го наруши молкот и се огласи преку социјалните мрежи за да ја поздрави големата победа на неговите соиграчи во градското дерби против Милан.

Синоќа Интер во драматичен и возбудлив меч го победи Милан со 3:2, а Икарди не беше надвор до тимот поради наводна повреда на коленото.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тоа е официјалната причина поради која Аргентинецот повеќе од еден месец не игра и не тренира со соиграчите, откако му беше одземена капитенската лента во февруари.

Икарди денес публикуваше фотографија од катедралата „Дуомо“ обоена во борите на неговиот клуб и напиша „Милано е само сино-црн“.

View this post on Instagram

Buongiorno Milano ?⚫️? #MI9

A post shared by Mauro Icardi – MI9 (@mauroicardi) on

Најавите од Италија се дека наскоро би можела да се реши ситуацијата помеѓу Интер и Икарди, па напаѓачот да се врати да тренира со тимот.

Тоа го потврди и неговата сопруга и менаџер Ванда Нара и најави дека ситуацијата конечно ќе биде решена.

„Имавме состанок со директорот Марота и не постои проблем. Блиску сме за се ова да заврши. Мауро се опоравува од повредата на коленото и поради тоа не игра. Нема никакви проблеми со соиграчите и сигурна сум дека ќе се врати со тимот наскоро“, изјави Ванда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…