Манчестер Сити покажа супериорно го победи Реал Мадрид со 4:0 и се пласираше во финалето на Лига на шампиони.
„Граѓаните“ се одмаздија за минатата сезона и му сервираа „покер“ на Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Граѓаните“ почнаа со висок интензитет и направија неколку шанси од самиот старт, но Куртоа имаше две чудесни одбрани против Халанд.
Меѓутоа, во 22-та минута беше немоќен кога Бернардо Силва дојде во одлична ситуација и погоди за водство од 1:0, а само неколку минути подоцна истиот играч зголеми на 2:0.
Во вториот дел Реал се обидуваше да се врати во мечот, но не успеа да создаде посериозна шанса. Милитао си постигна автгол во 74-та минута, а Алварез стави точка на мечот за висока победа од 4:0.
Сити во финалето за најпрестижниот трофеј ќе се бори со Интер на 10-ти јуни во Истанбул.