Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Европа ќе добие нов шампион, Белгија ја елиминира Португалија🎥

Европа ќе добие нов шампион, Белгија ја елиминира Португалија🎥

Исклучително неизвесно беше до самиот крај на големото дерби помеѓу Белгија и Португалија. Победникот го реши еден гол, па Белгијците се пласираа во четвртфинале.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првото полувреме силите беа израмнети со спорадични шанси на двете страни, но главно битката се водеше на средината од теренот.

Клучниот момент се случи во 41-та минута кога Торган Азар со фантастичен удар од дваесетина метри постигна гола за водство на Белгија.

Во второто полувреме Белгија се ориентираше главно да го брани резултатот и се закануваше само преку контранапади, додека Португалија се обидуваше со сите сили да го израмни резултатот.

Португалците создадоа неколку добри шанси, ја погодија и стативата, но не успеаа да го израмнат резултатот.

Белгија се пласира во четвртфинале, каде ќе ги одмери силите со Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Англија ја победи Хрватска со 4:2 во првото големо европско дерби на Светското првенство 2…