Дома Фудбал Репрезентации Евра ја шокираше јавноста со своето признание

Евра ја шокираше јавноста со своето признание

Поранешниот француски фудбалер Патрис Евра ја изненади јавноста признавајќи дека на 13 години бил сексуално злоставуван.

Французинот кој најголем дел од кариерата го помина во Манчестер Јунајтед во интервјуто за британски „Тајмс“ зборуваше пред промоцијата на неговата автобиогравска книга „Ја сакам оваа игра“. Промоцијата на книгата е закажана за кон крајот на октомври.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Беше тоа тежок момент за мене. Тоа е тешка ситуација и не сум разговарал многу на таа тема. Една мајка не сака да го слушне тоа од своето дете“.

За него тоа бил голем шок.

„Мајка ми кажа дека и е жал и дека тоа не смеам да го ставам во книгата затоа што е премногу лично, но кога објаснив дека тоа не ме засега само мене, туку и останатите деца ја прифати мојата одлука“, изјави Евра додавајќи дека знае дека книгата ќе го промени мислењето кај многу луѓе за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клоп: Многу ми е жал. Се извинувам

Ливерпул претрпе голем удар за шампионските амбиции. Во градското дерби тој беше поразен о…