Дома Фудбал Англија Евра: Сите знаат зошто Санчез дојде во Јунајтед, но никој не смее тоа јавно да го каже

Евра: Сите знаат зошто Санчез дојде во Јунајтед, но никој не смее тоа јавно да го каже

Aлексис Санчез на почетокот на 2018 година од Арсенал премина во Манчестер Јунајтед и стана најплатен фудбалер во Англија.

Од Чилеанецот на „Театарот на соништата“ многу се очекуваше, но тој целосно потфрли и се очекува на крајот на оваа сезона да го напушти Манчестер Јунајтед. Алексис оваа сезона не се наигра поради повреди, а и кога беше на теренот скоро и да не покажа ништо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Она што најмногу ги нервира навивачите на „црвените ѓаволи“ е што тој заработува 500.000 фунти неделно со што е далеку најплатен. Иако стигна како големо засилување засега таа сума не успеа да ја оправда.

Познато е дека ова лето Јунајтед ќе направи се за да се ослободи од него, со што би се олеснил буџет за нови фудбалери.

За ситуацијата со Санчез сега зборуваше и поранешниот играч на овој тим Патрис Евра кој ја критикуваше управата на клубот.

„Некои играчи доаѓаат само поради пари и тоа не ми е страв тоа да го кажам. Тоа сите го знаат, но никој не смее јавно да го каже. Немам ништо против него, но само кога видов колку пари му даваат сфатив дека тоа не е Манчестер Јунајтед кој јас го познавам“.

„Го имаше Манчестер Сити кој му даваше помалку пари, но ќе играше подобар фудбал отколку во Јунајтед. Жал ми е што, но Сити навистина со Гвардиола игра подобар фудбал. Сакам да знам зошто го избра Јунајтед, немојте да ми кажете дека го сакал овој клуб од детството. Тој дојде или поради пари или поради тоа што го доби бројот седум да биде ѕвезда“, изјави Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…