Ралф Рагник денес и официјално беше претставен како нов менаџер на Манчестер Јунајтед,
Германскиот стратег ќе го води Јунајтед до крајот на сезоната, а потоа ќе остане во клубот како консултант и ќе соработува со идниот менаџер. Иако зад себе има завидни резултати на клупата на Лајпциг и Хофенхајм, поранешниот играч на Јунајтед, Патрис Евра не е баш оптимистичен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Кој е Рагник? Дали воопшто е тренер? Освоил ли нешто? Мислам дека би требало да биде во академијата, да биде директор и да работи со децата“, порача Французинот.
На крајот сепак Евра порача дека го поддржува секој кој го води Јунајтед, па така и Рагник.