Дома Фудбал Останато Евра жали што настапувал за Франција

Евра жали што настапувал за Франција

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Јувентус, Монако и Марсеј, Патрис Евра, откри дека жали што наместо за Франција не играл за фудбалската репрезентација на Сенегал.

Евра е роден во главниот град на Сенегал, Дакар и има 81 настап за „триколорите“ откако дебитираше во 2004 година. Тој беше дел од француската репрезентација на Светското првенство во 2010 и 2014 година, а дресот на „триколорите“ го носеше и на Европското првенство во 2008, 2012 и 2016 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кога би можел да се вратам во минатото, би ја избрал мојата родна земја, а тоа е Сенегал. Кога бев помал, моите родители ми дадоа можност сам да одлучам за која репрезентација ќе играм. Растејќи во Франција, ја избрав таа репрезентација. Но, тогаш видов дека мојот избор е целосно исполитизиран. Со оваа селекција научив една од најболните работи, дека кога играш и победуваш, тогаш си Французин, но кога репрезентацијата губи, мислат дека си Сенегалец“, изјави Евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…