Дома Фудбал Останато Евра во „војна“ со навивачите на Милан: Еден од нив го потсети на 2007 година, па тој повторно возврати (фото+видео)

Евра во „војна“ со навивачите на Милан: Еден од нив го потсети на 2007 година, па тој повторно возврати (фото+видео)

evra

Патрис Евра изгледа прави се што може за што повеќе да се пишува за него.

Искусниот 37 годишен лев бек веќе некое време не игра фудбал, но преку друштвените мрежи се обидува да привлекува големо внимание. Овој пат преку Леонардо Бонучи испрати провокација до Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сега се врати насмевката. Ку*ац што таму ќе играше Лига на шампиони“, напиша под фотографијата на Бонучи алудирајќи на неуспешната едногодишна авантура на италијанскиот стопер на „Сан Сиро“.

evra

Имено, „росонерите“ веќе пет години чекаат да се вратат во најелитното европско натпреварување кое во минатото го освојуваа седум пати.

Меѓутоа како што тоа вообичаено се случува на друштвените мрежи се јавија навивачите на Милан и го потсетија Евра на 2007 година.

Таа година во Лигата на шампионите се сретнаа Милан и Манчестер Јунајтед, каде што тогаш настапуваше Евра. Во тој натпревар Евра заедно со Габирел Хајнце беа жртви на епскиот потег на Рикардо Кака.

„На Евра очигледно уште му се врти во глава од овој дуел“, гласеше еден од коментарите на навивачите на Милан.

„Бонучи, повеќе нема да ти посакам ниту добар ден бидејќи ми се јавуваат твоите непријатели. Навивачи на Милан, поради вашиот клуб светот знаеше за фудбалот. Меѓутоа, сега тоа е така поради Јувентус“, гласеше одговорот на Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…