Фудбалерите на Рома вечерва ремизираа на гостувањето против Челзи во спектакуларниот меч од ЛШ кој беше завршен со резултат 3:3.
„Плавите“ по првото полувреме водеа со 2:1 и се чинеше дека ќе запишат нови три бода, но така не мислеше и Един Џеко. Босанскиот интернационалец во второто полувреме беше брилијантен и постигна два фантастични погодоци за пресврт во корист на Рома. Сепак, домашниот состав успеа преку Азар да издејствува бод од мечот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По натпреварот, главна тема на социјалните мрежи беше Џеко кој го воодушеви фудбалскиот свет со своите погодоци. На твитер се огласи и легендарниот Гери Линкер кој го сподели фантастичниот погодок на Џеко за 2:2.
„Челзи водеше со 2:0, а сега губи со 2:3. Благодарение на Един Џеко во суштина. Не се шегувам“, вели Линкер на својот профил.