Оле Гунар Солскјер изјави дека нема проблем со тоа што Пол Погба се сретнал со Зинедин Зидан во Дубаи.
Зидан ја искористи репрезентативната пауза да оди на краток одмор во Дубаи, а таму се сретнал со Погба кој наводно бил поради опоравување од повредата. „Дејли Мирор“ фотографијата од нивната средба ја објави на својата насловна фотографија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На конференцијата пред натпреварот против Ливерпул, Солскјер доби прашање за средбата на неговиот фудбалер со Зидан. Солскјер не гледа проблем, барем така изјави.
„Тоа е само една фотографија. Кога сте играч на Манчестер Јунајтед луѓето ве фотографираат. Немам проблем со тоа. Пол е дел од нашите планови. Против Арсенал и Рочдајл играше повреден, се обиде да се врати, но болките беа преселни и мораше да оди на рехабилитација. Сега се опоравува и неколку дена веќе работи нормално“, изјави Солскјер.
Погба со Јунајтед има договор до 2021 и во медиумите се пишува дека има желба да ја промени средината.
„Не сум слушнал дека Погба не сака да биде тука. Сака да остане и ќе игра добро“, порача Норвежанецот.