Дома Трансфер зона Еве колку треба да платат тие што го сакаат Верати!

Еве колку треба да платат тие што го сакаат Верати!

Марко Верати е еден од најдобрите плејмејкери во Европа и многу клубови би сакале да го видат во своите редови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интерес за Италијанецот покажуваат Јувентус, Интер, Барселона, Баерн Минхен и Реал Мадрид, но сепак тешко ќе биде да се убеди богатиот Пари Сент Жермен да ја пушти својата ѕвезда.

Доколку им се верува на медиумите во Франција, ПСЖ го цени Верати на 85 милиони евра и воопшто нема да разгледува понуди со сума пониска од наведената.

24-годишниот играч за врска има договор со „светците“ до 2021 година и тие ќе направат се за да го задржат на „Паркот на принцовите“, но можно е самиот Верати да побара трансфер.

Доколку тоа навистина се случи, тогаш ПСЖ за неговата слобода ќе бара најмалку 85 милиони евра, па останува да видиме дали некој од споменатите клубови е спремен да ја плати оваа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…