Дома Трансфер зона Еве колку пари бара Евертон за слободата на Лукаку!

Еве колку пари бара Евертон за слободата на Лукаку!

Најдобриот играч на Евертон и еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата, Ромелу Лукаку изразил желба да се врати во Челзи и поради тоа го одбил новиот договор на „карамелите“.

Деновиве Евертон му понудил неделна плата од 140.000 фунти и нов договор, но Лукаку ја одби понудата и порача дека сака да игра во Лигата на шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Евертон како фудбалски клуб има голема историја, но треба да се пишува иднината. Пред живеењето во минатото, треба да мислите на иднината. Не сакам да бидам запаметен само по давање голови, туку по освоување на трофеи“, изјави Лукаку.

„Дејли Мејл“ пишува дека „карамелите“ нема да се противат на трансферот, но само доколку Челзи плати сума од 86 милиони евра. Евертон е свесен дека покрај Челзи интерес за Лукаку покажуваат ПСЖ, Јувентус и Манчестер Јунајтед, па ќе се обиде ја извлече максималната сума од продажбата на својот најдобар фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…