Дома Фудбал Еве кога Дембеле ќе дебитира за Барселона

Еве кога Дембеле ќе дебитира за Барселона

Младиот француски фудбалер, Осман Дембеле е најголемото засилување на Барселона ова лето.

Дембеле на „Камп Ноу“ пристигна од Борусија Дортмунд за 105 милиони евра, но трансферот со бонусите ќе изнесува вкупно 150 милиони, а управата на каталонскиот клуб од него очекува да биде наследникот на Нејмар.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Суперталентираниот Дембеле нема долго да чека за официјалното деби во дресот на Барселона. По завршувањето на репрезентативните паузи, Дембеле се врати во Барселона и ќе биде во протоколот за натпреварот од 3. коло на Ла Лига, каде што неговиот клуб ќе го пречека Еспањол.

На официјалната страна на Барселона беше поставена фотографија со опис „Дали ќе успее да постигне гол во сабота?“, што е јасен знак дека Французинот во градското дерби треба да ги запише првите минути во дресот на шпанскиот вицешампион.

Доколку Дембеле постигне гол против Еспањол, ќе се придружи на групата на големите фудбалери кои на „Камп Ноу“ постигнале гол на своето деби за. Тука се, меѓу останатите, Кројф, Марадона, Роналдињо, Ромарио и Ривалдо.

Натпреварот помеѓу Барселона и Еспањол ќе се одигра во сабота со почеток од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…