Дома Фудбал Еве како Роналдињо му честиташе на Меси за трансферот во ПСЖ

Еве како Роналдињо му честиташе на Меси за трансферот во ПСЖ

Лео Меси е нов играч на ПСЖ. После 21 година настап за Барселона, Аргентинецот одлучи да замине после големите финансиски проблеми во клубот.

Неговото заминување во Париз предизвика еуфорија, а трансферот го поздрави и Роналдињо.

Легендарниот Бразилец за ПСЖ играше од 2001. до 2003. година, од каде замина во Барселона, каде настапуваше до 2008. година. Роналдињо и Меси беа соиграчи од 2004. година, кога Меси дебитираше за сениорскиот тим.

„Голема среќа е да играте во овие два клуба и да го видите својот пријател во овој дрес. Ти посакувам многу среќа, Лео. Исто така, многу сум среќен што со тебе е и Серхио Рамос. Чувствувам дека ќе ја освоите ЛШ.“ – напиша Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…