Екипата на Челзи е една од најактивните во овој преоден рок.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Последниот играч кој потпиша за Челзи беше денес, Тијаго Силва кој го напушти ПСЖ бесплатно му се придружи на премиерлигашот. Веќе претходно на Лампард му беа обезбедени Вернер и Зијеш, а пред неколку дена потпиша и Бен Чилвел од Лестер за 50 милиони фунти.
Следен кој се очекува и кој е главна мета на клубот од Лондон е Хаверц од Леверкузен. Медиумите веќе најавуваат како би можел да изгледа тимот на Челзи следната сезона.
Треба да се спомене дека договор со Челзи потпиша и младиот Сар од Ница, но тој во следната сезона ќе биде испратен на позајмица.
