Дома Фудбал Еве зошто Абрамович се уште го држи Конте на клупата!

Еве зошто Абрамович се уште го држи Конте на клупата!

Сопственикот на Челзи Роман Абрамович се уште не му дава отказ на тренерит Антонио Конте само поради огромната отштета која треба да му биде исплатена на Италијанецот.

Според „Дејли Мирор“ станува збор за сума од 10 милиони фунти, која го „чува“ Антонио Конте на „Стенфорд Бриџ“.

Меѓутоа, агентите на Конте веќе водат преговори за неговата иднина, а од Челзи воопшто не бунат на преговорите и се надеваат на брза разделба на крајот на сезоната и тоа со заемна согласност, за да ја спасат споменатата сума.

Според „Мирор“ најголема е веројатноста Конте да се врати на чело на италијанската репрезентација.

Имено на новиот селектор на Италија ќе биде објавено на 20-ти мај, еден ден после финалето на Купот каде Челзи може да се пласира доколку денес го совлада Саутемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…