Дома Фудбал Англија Евертон ќе инкасира 200 милиони евра за правото на име на новиот стадион

Евертон ќе инкасира 200 милиони евра за правото на име на новиот стадион

Екипата на Евертон ќе добие нов стадион, а веќе ги продадоа правата за неговото име.

Од сезона 2023/24 Карамелите ќе го напуштат Гудисон Парк и ќе се преселат на 500 милиони фунти вредниот Брамли-Мур Док, а иако за три години ќе играат на овој стаион, веќе ги продадоа правата за името на стадионот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ги купи рускиот милјардер Усманов, па така стадионот ќе го носи името по неговата компанија USM, а за десетгодишниот договор Евертон ќе инкасира неверојатни 200 милиони фунти.

Усманов веќе уплатил 30 милиони фунти за да биде главен спонзор на стадионот и очигледно е дека тимот од Ливерпул направи фантастичен потег со овој договор.

Капацитетот на стадионот ќе биде 62.000 гледачи, а клубот најави дека на овој стадион цените на влезниците ќе бидат малку повисоки од моменталните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…