Дома Фудбал Евертон реди победи со Анчелоти (ВИДЕО)

Евертон реди победи со Анчелоти (ВИДЕО)

И во вториот натпревар на клупата Карло Анчелоти оствари победа.

Повторно Евертон имаше тежок натпревар, повторно беше минимално, но Анчелоти брзо започна да собира бодови.

Двата гола за „Карамелите“ ги постигна Калверт-Луин, додека Шар погоди за Њукасл.

Со овој триумф Евертон го престигна денешниот ривал на табелата, како и Арсенал, Барнли и Брајтон. Сега се на 10. позиција со 25 бода.

Вотфорд во дербито на дното ја победи Астон Вила со 3:0. Без победник заврши натпреварот помеѓу Саутемптон и Кристал Палас (1:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Црвена боја на лицата во Серија А – порака што оди подалеку од фудбалот

Фудбалерите, тренерите и службените лица во 12. коло ќе испратат порака против насилството…