Дома Фудбал Англија Евертон продолжува да решета, Вест Хем стигна до трите бода (ВИДЕО)

Евертон продолжува да решета, Вест Хем стигна до трите бода (ВИДЕО)

Во рамки на 27. коло во Премиер лигата, Евертон славеше против Кристал Палас на домашен терен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Екипата од Ливерпил славеше со 3:1, а сите погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Имено, резултатот го отвори Сигурдсон во 46. минута, односно веднаш на стартот на вториот дел. По само 4 минути, Ниасе зголеми на 2:0, а последниот погодок за Евертон го постигна Дејвис во 75. минута. Почесниот погодок за Кристал Палас го постигна Миливојевиќ во 83. минута.

Свонси славеше над Барнли со 1:0, а единствениот погодок на мечот го постигна Ки Сон Јунг во 81. минута.

Вест Хем очекувано славеше над екипата на Вотфорд со 2:0. Најпрво прецизен беше Чичарито во 38. минута, а конечниот резултат го постави Арнаутовиќ во 78. минута.

Стоук и Брингтон ремизираа 1:1. Брингтон прв стигна до водство благодарение на погодокот на Изкеирдо во 32. минута, а изедначувачкиот погодок за домашните го постигна Шакири во 68. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лудо: Навивач понуди 250.000 долари за билет за Мундијалот (Фото)

Канадски фан предизвика сензација со својата понуда пред Светското првенство. Како ПАМЕТНО…