Дома Топ вести Евертон во последните денови во Лондон испраќа понуда вредна 100 милиони фунти

Евертон во последните денови во Лондон испраќа понуда вредна 100 милиони фунти

Ако им веруваме на островските медиуми во последните денови од преодниот рок во Англија би можеле да видиме рекорден трансфер.

Вилфред Заха е еден од најбарните играчи ова лето. Одличниот офанзивец се најде на мета на голем број клубови, но на крајот би можел да заврши во Евертон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристал Палас е одлучен во намерата да не го пушти својот играч за помалку од 100 милиони фунти поради што и некои заинтересирани клубови се откажаа од намерата да го доведат 26 годишниот фудбалер.

Меѓутоа Евертон можеби пронајде начин како да ги задоволи апетите на Палас и во Лондон се спремни да испратат понуда која ќе вклучува пари и двајца фудбалери. Таа понуда би имала вредност токму толку колку што бараат во Кристал Палас – 100 милиони фунти.

Понудата би изнесувала 65 милиони фунти плус Ченк Тосун и Џејмс Мекартни.

Преодниот рок во Премиер лигата завршува во четврток, а Заха во Евертон сигурно би добил и значително зголемување на платата во однос на досегашните 130.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…