Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил одигра сезона за заборав во редовите на „топџиите“.
Поранешниот репрезентативец на Германија не направи апсолутно ништо во дресот на Арсенал, а на крајот во 35 натпревари постигна шест голови и запиша три асистенции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Премногу скромен учинок за еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата, но во Англија како да е правило најплатените да играат преслабо.
Вистински пример е Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед. Чилеанецот заработува пола милион фунти неделно и зад себе има очајна сезона, сепак одигра подобро од Озил.
Озил одигра 2420 минути и запиша само три асистенции додека Чилеанецот за 1240 одиграни минути успеа четири пати да асистира.
После сето тоа видено и очајните настапи кои ги прикажуваше навистина е тешко да се очекува Озил и наредната сезона да го гледаме во дресот на Арсенал.
Скоро сигурно раководството на тимот ова лето ќе се обиде да го продаде, но со оглед на тоа како игра сигурно ќе треба да се откаже од 16-те милиони фунти по сезона кои ги добива во овој момент.
Озил веќе шест години е член на Арсенал, но веројатно вчера против Челзи ги одигра последните минути во дресот на овој тим, иако неговиот договор има важност до 2021 година.
Претходно овој фудбалер го носеше дресот на Реал Мадрид, Вердер и Шалке.