Во натпреварот на Голден Стејт изминатата ноќ камерите забележија еден интересен момент.
Актуелниот НБА шампион лесно излезе на крај со Вашингтон Визардс и славеше победа од 144:122 во натпреварот одигран во „Ораки Арената“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Стеф Кари ги разби Визардси постигнувајќи 51 поен, но после натпреварот се зборува и за непрофесионалниот гест на Кевин Дурант.
Камерите забележија момент кога Дурант побара да излезе од игра алудирајќи на тоа дека нема причина да биде на паркетот против така слаб ривал.
Дурант уфрли 30 поени, забележа седум асистенции и запиша осум скокови. Сепак без оглед на класата која никој не му ја оспорува ваков гест може да се протолкува како неспортски.
“Sub me. I dont wanna play them anyway. Weak.” Ouch. pic.twitter.com/JA60VnAdJL
— Wobphen Curry (@WorldWideWob) October 25, 2018