Oткако на припремите изгубија од Нигерија и Австралија и на отварањето на Летните Олимписки игри од Франција американските кошаркари беа на удар на јавноста која сметаше дека „Дрим-тимот“ може да остане без златото.
Кевин Дурант, најдобриот играч во финалето против Франција (87:82) со 29 поени после натпреварот испрати порака до критичарите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Оваа порака е за сите кои зборуваа дека нема да го освоиме златото. Имаа некои свои ранг листи и не ставаа на четвртото место зад Словенија. Ве молам…Зборуваа дека не стигнуваат. Дали сте сериозни“, порача Дурант.
Освоенто злато за Дурант ќе биде трето олимписко. Исто така тој е водечки стрелец во репрезентацијата на САД со 435 поени во 22 натпревари.