Дома Македонски спорт Дурански: Ерменците не познаваат и зборуваат за нас, посебно после настапот на Европскот првенство

Дурански: Ерменците не познаваат и зборуваат за нас, посебно после настапот на Европскот првенство

Паузата во квалификацискиот циклус за СП 2022 ја пречекуваме на четвртата позиција со 9 бода, зад Германија, Ерменија и Романија, но не сме без шанси за пласман на следниот мундијал.

Еден од последните четири дуели, ќе биде претпоследниот меч во групата Ј против Ерменија, натпревар кој може директно да решава за пласманот на светското првенство во Катар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од нашите интернационалци, Филип Дурански (30) игра во ерменското првенство, тој е единствениот Македонец таму и ни ги пренесува искуствата и атмосферата:

„По само еден месец поминат во фудбалскиот клуб Севан, ја добив капитенската лента што за мене беше пријатно изненадување, но ми беше предочено дека пристапот кон тренинзите и контролните мечеви си го направиле своето. Успеав да изградам статус на „работник”, што мене лично многу ми значи.

Не знаев ништо за ерменската лига, имав понуда и од Словачка, но решив да сменам средина. Презадоволен сум и изненаден од Ереван кој е одличен град, клубот е во голем подем, сопственикот многу го сака фудбалот и не штеди на фудбалерите, мене лично ми се понуди за секаква помош во кое било време.

Имаме ценет тренер од кипар, Памбос Христодолу, ова не е некакво маргинално првенство. На мое задоволство затоа што ќе играм квалитетен фудбал, но и за жал затоа што не сме на ова ниво, може да констатираме дека ова првенство е далеку подобро од нашето. Иако сезонава влезе од втората во првата лига, клубот Севан во моментов вреди околу 3 милиони евра и според составот на играчите, ќе се бориме за врвот на табелата во Ерменија.

Ерменците не познаваат и зборуваат за нас, особено по нашиот пласман на ЕП. Задоволни се од бодот што го освоија со Македонија, но со Лиштенштајн си скратија 2 бода. Иако имаат големи шанси за пласман на светското првенство, нешто слично како и кај нас тие очекуваат подобри резултати, како секоја година да се борат за пласман на големо натпреварување, што е некаква слична филозофија со нашата.

За Македонија како репрезентација и за македонското првенство се зборува само во суперлативи, особено поранешните вардарови фудбалери кои се задоволни од третманот и пренесуваат само позитивни искуства, ја сакаат нашата земја и ги сакаат нашите луѓе.

Со Лиштенштајн имаше 95% полн стадион и одлична атмосфера, а со нас ќе има уште пожешка. Тука како да нема корона, нема никакви забрани и нема рестрикции. На реваншот исто така очекувам да биде преполн стадионот, затоа што тоа ќе биде еден од решавачките мечеви во нашата група и би требало да има голем притисок од трибините.

Јас лично се надевам на победа на Македонија и пласман на следното СП. Би сакал да ги поздравам сите наши фудбалери, репрезентативци и стручниот штаб и да им пренесеме дека играат одличен фудбал, а резултатите ќе си дојдат сами по себе.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …