Челзи немаше апсолутно никакви шанси во двомечот против Реал Мадрид и „кралевите“ лесно со победи од по 2:0 во двата натпревари се пласираа во следната фаза.
Во вчерашниот натпревар двоен стрелец во второто полувреме беше Родриго во 58-та и 80-тата минута и тоа беше крај на европскиот сон за „сините“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Критики за Челзи по оваа средба испрати легендарниот фудбалер на „сините“, Дидиер Дрогба.
„Овој клуб имаше класа во текот на ерата на Роман Абрамовиќ, но денес ја нема. Тешко ми е да гледам како се ослободија така лесно од некои луѓе…Би требало да се вратат на приципитет и вредностите кои клубот ги негуваше. Повеќе не го препознавам својот клуб“, изјави разочараниот поранешен играч на „Челзи“.
На прес-конференцијата, новинарите го запрашаа и Лампард за оваа изјава на Челзи, а неговиот одговор беше краток.
„Тоа се зборови на Дрогба“, прокоментира Лампард.