Дидиер Дрогба кариерата ја заврши во декември 2018 година.
Дрогба се повлече од американскиот Феникс Рајзингс каде што настапуваше во втората лига. Дрогба со своите 40 години одигра 26 натпревари за тимот од Аризона и постигна 17 голови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во редовите на Феникс дојде на убедување од неговиот добар пријател Берк Бакај. Турскиот бизнисмен кој има многу успех во Америка е голем фан на Галатасарај. Контактот на Дрогба и Бакај започна кога Африканецот играше во Истанбул. Подоцна Бакај успеа да го убеди својот пријател да му помогне во Феникс Рејзингс каде што Бакај беше еден од сопствениците. Подоцна Дрогба купи и дел од акциите на американскиот клуб.
Сега Бакај е во Англика и во раководството на третолигашот Ипсвич Таун и потврди дека би сакал да соработува со својот пријател.
„Тој е неверојатен. Не знам дали би ја прифатил работата, не сум разговарал со него околу тоа, но дали би бил успешен? Мислам дека би ја уништил Лига еден ако ме прашувате за мислење. Би се обложил дека ќе постигне 25 голови“, изјави Бакај.
Ќе потсетиме Дрогба во Англија најголемите успеси ги направи со Челзи.