Дома Фудбал Останато Дрогба во еуфорија ја славеше титулата на Челзи и на Азар му смисли прекар (ВИДЕО)

Дрогба во еуфорија ја славеше титулата на Челзи и на Азар му смисли прекар (ВИДЕО)

Тимот на Челзи вчера со освојувањето на Лигата на Европа стави крај на една променлива сезона и не може да се каже дека не беше успешна.

Челзи заврши како третопласиран во Премиер лигата веднаш зад оваа сезона фантастичните Ливерпул и Манчестер Сити и ја освои Лигата на Европа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Така Челзи на најдобар начин го испрати Еден Азар кој после финалето порача дека е дојдено време да се збогува со Челзи и негова наредна дестинација ќе биде Реал Мадрид со кој се поврзува веќе долго време.

Вчера преку социјалните мрежи успехот на Челзи го славеше и легендарниот напаѓач на овој клуб Дидиер Дрогба кој му смисли и прекар на Азар на кого му се заблагодари за придонесот за Челзи.

„Легенда на Челзи, принцот на „Стенфорд Бриџ“. Ти благодарам за се“, порача во еуфорија Дрогба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалер на Вест Хем доби посебна мотивација за натпреварот со Сити – бесплатно кафе до крајот на животот!

Викендов се игра последното коло во Премиер лигата, а во него со шанси за титулата влегува…