Дома Останати Кошарка НБА Дрес на Мајкл Џордан продаден за рекордни 10,1 милиони долари

Дрес на Мајкл Џордан продаден за рекордни 10,1 милиони долари

Дресот на легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан е продаден на аукција за рекордни 10,1 милиони долари, соопшти аукциската куќа Сотбис од Њујорк.

Станува збор за црвениот дрес на НБА тимот Чикаго Булс кој „летечкиот Мајкл“ го носеше на првиот натпревар од НБА финалето против Јута во 1998 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џордан го носеше дресот со број 23 во сезоната 1997/1998 година, кога со Булс ја освои последната, шеста титула во НБА.

Претходниот рекорд беше поставен на почетокот на оваа година, кога дресот на аргентинскиот фудбалер Диего Марадона во кој го постигна голот „Божја рака“ беше продаден за 9,3 милиони долари.

„Во неколку недели откако ја објавивме аукцијата, имаше возбуда не само од љубителите на спортот, туку и од колекционерите желни да поседуваат ретко парче историја“, објавија од аукциската куќа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…