Дома Фудбал Останато Дресот на Пеле од неговиот последен натпревар за Бразил, продаден за 30.000 евра

Дресот на Пеле од неговиот последен натпревар за Бразил, продаден за 30.000 евра

Дресот кој Пеле го носеше на својот последен натпревар за репрезентацијата на Бразил е продаден за дури 30.000 евра на аукција на спортски предмети која вчера се одржа во Торино.

Репрезентативниот дрес со бројот 10, Пеле за последен пат го облече во јули 1971 година кога Бразил на легендарната „Маракана“ играше против селекцијата на СФР Југославија.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Дресот кој Пеле го носеше на последниот натпревар се најде на аукција во Торино, а во наддавањето победи понудата од 30 илјади евра за жолтиот дрес со „десетка“ на грбот. Пеле е единствен фудбалер со три титули светски првак, за Бразил даде 77 гола на 92 натпревара.

Меѓу другите спортски предмети, на продажба беше и жолтиот дрес кој Фаусто Копи го носел на Тур Де Франс во 12952 година. Тој достигна цена од 25 000 евра. Синиот дрес од Јувентус кој Лучиано Спиноси го носел во финалето на Купот на саемски градови во 1971 беше продаден за 9400 евра. Дресот на Марадона од Наполи од сезоната 1989/1990 беше продаден за 7500 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Судиски аналитичар за голот на Милан: Ова е срамота!

Голем револт во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанецот кој го водеше на…