Иако пред само нешто повеќе од шест месеци играа во финалето од Лигата на Европа, ситуацијата во Ајакс, благо кажано е драматична.
Холандскиот гигнат прво не успеа да се пласира во Лигата на шампионите откако загуби од Ница, а потоа ниту во Лигата на Европа каде што беа исфрлени од Розенборг. Во првенство колку-толку успеваат да се одржат и сега се второпласирани со пет бода заостанување зад лидерот ПСВ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак врв на лошата ситуација во клубот беше вчерашната елиминација од Твенте во купот. Ајакс водеше со 1:0 се до судиското продолжение, домаќините изедначија и на крајот успеаа да се пласираат во следната фаза преку изведувањето на пенали.
Генералниот директор и клупска легенда Едвин Ван Дер Сар го изгуби трпението. Отказ доби тренерот Марсел Кеизер и комплетниот стручен штаб, а на „улица“ заврши и Денис Бергкамп, помошникот на Кеизер исто така поранешн фудбалер на Ајакс.
„Јас и Марк Овермарс (техничкиот директор) многу разговаравме во последно време и заклучивме дека вака повеќе не можеме понатаму. Погрешно се работеше уште од летото и промените мораа да се случат“, изјави Ван Дер Сар.