Фудбалерите на Баер Леверкузен на нестварен начин изборија пласман во четвртфиналето во Лигата на конференции.
„Фармацевтите“ губеа од Карабаг 0:2, на крајот славеа со 3:2. Два гола во судиското надополнување на времето постигна Патрик Шик.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн Леверкузен успеа да го преживее двомечот со Карабаг. На првиот меч избегнаа пораз во судиското надополнување, кога стрелц беше Шик, а во реваншот на ист начин славеа и се пласиара меѓу најдобрите осум во Лига Европа.
Карабаг имаше предност од 58.минута со голот на Зубир, пет минути подцна Кафаркулиев доби директен црвен картон, но во 62.минута Жунињо погоди за 0:2.
Фримпонг им ги врати надежиите на „фармацевтите“ во 72.минута.
Баер до тој момент редеше напади, неговите играчи не ги користеа шансите се до судиското надополнување. Шик изедначи во 93.минута, а истиот играч погоди за 3:2 во 97.минута.