Дома Фудбал Италија Драма во Серија А: Наполи и Сасуоло во супер меч ги поделија бодовите 🎥

Драма во Серија А: Наполи и Сасуоло во супер меч ги поделија бодовите 🎥

Сасуоло и Наполи денес го одиграа еден од највозбудливите натпревари во Серија А сезонава.

Дуелот на крајот заврши без победник 3:3. Прво еден гол на Инсиње после дваесетина минути игра беше поништен поради офсад. Сасуоло десет минути подоцна дојде до водство со автоголот на Максимовиќ, а Зјелински само четири минути подоцна го изедначи на резултатот. Сасуоло на полувреме сепак замина на предност, Берарди реализираше пенал во судиското продолжение од првиот дел.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ди Лоренцо во 72 минута го изедначува резултатот. Наполи од пенал во 90.минута дојде до прво водство на мечот од 2:3. Тогаш изгледаше дека Наполи ќе ја прекине серијата од пет натпревари без победа на гости, но драмата таму не заврши.

Сасуоло како и во продолжението од првото полувреме, доби пенал и во продлжението во финишот на натпреварот. Реализатор на најсторгата казна во 94. минута беше Капуто.

Мора да се истакне дека покрај головите видовме уште неколку супер шанси и на двете страни, па ремито беше можеби и најреалниот исход.

Елмас во овој натпревар на теренот помина нешто помалку од половина час откако во игра влезе на местото на Мертенс во 67. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…